4.8 C
Скопје
10:20 - 26 декември, 2024

Прогноза за овогодинешните Оскари: Дали Академијата случајно ги објави резултатите на Твитер?

Најважната вечер за оваа сезона на филмски награди е сѐ поблиску, а ние секојдневно стануваме сѐ понетрпеливи. Јасно е дека не сме единствените, посебно откако Твитер денеска буквално полуде поради потенцијалното протекување на информации од оскаровските кругови.

На профилот на Академијата која ги доделува Оскарите, денеска се појави резултат од апликацијата – „Oscars Prediction Experience“, создадена за оние кои веќе со години наназад си прават свои прогнози и предвидувања за победниците на доделувањето на Оскарите. 

На оваа апликација имате опција да ги пополните празните места зад титулата и да ја објавите својата прогноза.

Академијата која ги доделува наградите веќе ги објави своите предвидувања.

За најдобар режисер во 2019 година, според шпекулациите, се верува дека ќе биде прогласен Сем Мендес за филмот „1917“, а најдобар филм наводно ќе биде јужнокорејското остварување „Parasite“.

Фото: Профимедиа

Кога станува збор за поединечните улоги, имајте во предвид дека Бред Пит во текот на оваа сезона веќе собра бројни награди за улогата на каскадер во „Once upon a time in Hollywood“. Од друга страна, актерката Рене Зелвегер, која конечно се врати на големото платно, доби номинација за улога на ѕвезда која прави вистински камбек на сцената.

Лаура Дерн, актерката која е добро позната по активизмот во полето на половата нееднаквост, доби номинација за улога во филм каде го привлекува вниманието со говор за неправдата. Хоакин Феникс пак, главната ѕвезда во „Joker“, остави најголем впечаток со своите говори на досегашните доделувања на филмски награди.

Profimedia

И покрај тоа што веќе поминаа неколку церемонии на кои видовме кои актери и филмови собраа најмногу награди, сепак, не може да се каже дека постојат апсолутни фаворити кои сигурно ќе земат Оскар оваа година, па поради тоа, ние подготвивме еден малку поинаков список: 

Најдобар главен актер: Хоакин Феникс за Џокер во филмот „Joker“;

Најдобра главна актерка: Рене Зелвегер за Џуди Гарленд во „Judy“;

Фото: Профимедиа

Најдобар спореден актер: Бред Пит за Клиф Бат во „Once upon a time in Hollywood“;

Најдобра споредна актерка: Марго Роби за Кајла Посписил во „Bombshell“;

Најдобра режија: Мартин Скорсезе за „The Irishman“;

Најдобра фотографија: Роџер Дикинс за „1917“;

Најдобар анимиран филм: „Toy story 4“;

Најдобра оригинална музика: Томас Њуман за „1917“;

Најдобро оригинално сценарио: Хан Џин-вон и Бонг Џон-хо за „Parasite“;

Најдобро адаптирано сценарио: Тод Филипс и Скот Силвер за „Joker“;

Најдобар странски филм: „Медена земја“;

Најдобар филм: „Parasite“.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....