14:54 - 26 ноември, 2026

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Режисерката номинирана за Оскар, Селин Сонг, повторно нè води во светот на интимните односи и неизговорените емоции, а во нејзината нова приказна – филмот „Materialists“ – глумат секогаш енигматичната и неодоливо софистицирана Дакота Џонсон, харизматичниот Педро Паскал, како и миленикот на жените ширум светот, Крис Еванс.

Првиот трејлер штотуку ја виде светлината на денот, а би лажеле ако кажеме дека во него не ги препознаваме класичните елементи на романтична комедија: таа е успешна професионалка која ја изградила својата кариера спојувајќи други луѓе, додека притоа целосно го занемарила сопствениот љубовен живот. Сега, фатена меѓу совршениот избор и неуредната реалност, мора да донесе одлука што ќе ѝ го промени животот.

Она што овој филм го прави посебен во однос на жанровски сличните приказни се емоциите вткаени во секоја сцена: атмосферата на Њујорк снимена во топли сончеви тонови, хемијата меѓу Дакота Џонсон и нејзините двајца потенцијални партнери, која буквално тлее во секој кадар, како и она болно препознатливо чувство на скршено срце што постепено се прелева низ целиот филм.

Слични објави

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.
Се вчитува....