18:06 - 1 август, 2026

Ова е моментално најгледната серија на Нетфликс! (ВИДЕО)

Популарната шпанска серија која обработува тема за група на разбојници предводени од „Професор“ со амбициозен план да стекнат милијарди евра, започна со емитувањето на четвртата сезона на популарната стриминг платформа Нетфликс.

Станува збор за една од најпопуларните серии на овој сервис во последните години – „La casa de papel“.

Гледачите кои ја сакаат серијата со нетрпение ја очекуваа новата сезона, која е најавена со трејлерот објавен во март.

Тој понуди само дел од она што не очекува во новата сезона, а тоа е брза акција и нови сплетки.

„Првата сезона од серијата беше успешна, но во текот на втората сезона, речиси на крајот од неа, гледаноста ни падна. Ние приказната ја приведовме до крај и се збогувавме едни од други. Потоа, неколку години подоцна, дознавме дека Нетфликс ја откупиле серијата, што беше убава вест, но мислевме дека ќе се загубиме во морето на втората содржина. Кога актерите на социјалните мрежи почнаа да добиваат што поголем број на следбеници сфативме што се случува. Одеднаш станавме најгледната серија на странски јазик – раскажа порано Алекс Пиња, творецот на серијата.

Тој објасни и дека со месеци размислувале што да прават и смислувале приказна за новата сезона пред Нетфликс да потврди дека сакаат да се вратат.

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....