23:51 - 20 ноември, 2026

Иако не е номинирана во ниту една категорија, Били Ајлиш ќе има СПЕЦИЈАЛЕН НАСТАП на доделувањето на Оскарите

Instagram

Пејачката Били Ајлиш нема ништо ниту со една од петте нумери кои се номинирани во категоријата за најдобра оригинална песна на претстојното 92-ро по ред доделување на Оскари, но сепак ќе настапи на церемонијата.

Академијата на својот официјален Твитер профил објави дека тоа ќе биде „специјален настап“.

Бидејќи Ајлиш неодамна се појави во телевизиската емисија „Saturday night live“, каде имаше многу необичен настап, па сигурно е дека и овојпат ќе се потруди да направи спектакл за паметење.

Многумина предвидуваат дека Били ќе ја изведе песната „No time to die“, од последниот филм за Џејмс Бонд на Даниел Крејг, меѓутоа нема официјална потврда за тоа.

За потсетување, доделувањето на Оскарите е закажано за 9 февруари оваа година.

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо
Се вчитува....