20.8 C
Скопје
11:45 - 28 март, 2024

Ако никогаш не сте слушнале за режисерот кој победи на Оскарите, овие 5 филмови морате да ги погледнете! (ВИДЕО)

Јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Ху за филмот „Паразит“ ја доби златната статуетка за најдобар филм, во текот на синоќашното доделување на Оскарите.

Со ова Бонг оствари значаен успех, меѓутоа, овој филмаџија може да се пофали и со свои остварувања од минатото, кои му обезбедија голем број на обожаватели и следбеници на неговиот лик и дело.

Бонг Џон Ху стана жанр сам по себе – изјави американски коментатор на овогодинешниот Кански филмски фестивал.

Бонг ги инспирираше гледачите да почнат да гледаат и да уживаат во странските филмови кои се вон англиското говорно подрачје.

За 100. роденден на корејската кинематографија, порталот „Кримсон“ направи листа од најдобрите филмови на Бонг во изминатава декада…

„Parasite“ (2019)

Невработениот Ки-таек и неговото семејство на чуден начин се интересираат за моќно и гламурозно семејство Парк. Додека се обидуваат да им се доближат, тие се вплеткуваат во неочекуван инцидент.

„The host“ (2006)

Чудовиште излегува од сеулската река Хан и почнува да ги напаѓа луѓето. Семејството на една од жртвите, прави сѐ што е во нејзина моќ за да ги спаси луѓето од канџите на ова суштество.

„Mother“ (2010)

Една очајна мајка е во потрага по убиец, кој го наместил нејзиниот син за страшно убиство на девојка.

„Snowpiercer“ (2013)

Во годината во која неуспешен климатски експермент го уништува целиот живот на Земјата, освен неколку среќници кои успеале да се качат на воз кој кружи низ планетата, се создава нова социјална класа која почнува да го движи општеството.

„Okja“

Млада девојка ризикува сѐ за да спречи моќна компанија да киднапира нејзин пријател – фасцинантен ѕвер по име Окја.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....