07:07 - 31 јули, 2026

Ева Рас гневна на Милош Биковиќ: „Не можам веќе да го гледам во очи“

Ева Рас е позната како актерка која не се воздржува кога го кажува своето мислење.

Таа неодамна во една емисија отворено проговори за своите колеги. Најпрво се осврна на мислењето за случајот на Бранислав Лечиќ и помладата колешка Данијела Штејнфелд. Да потсетиме, Данијела го обвини актерот за силување.

– Ме прашаа што мислам за тоа. Реков дека една ергенка не може да обвини маж за тоа и јас тоа одма да го прифатам. Не живееме на Дивиот Запад и не го прифаќам тој линч. Отсекогаш сум се залагала за владеење на правото и за тоа судот да одлучи, а судот тоа го отфрли – изјави Ева Рас во емисијата „Пулсот на Србија“. Ева тогаш откри дека и замерува на односот на Милош Биковиќ кон Лечиќ во периодот кога јавноста го осудуваше.

– На некои веќе не им кажувам ни добро утро: Ни на Биковиќ, ни на Кокан Младеновиќ – рече Ева. Актерката истакна и дека повеќе „не може да го гледа Милош“.

-Тоа е противуставно. Нашите колеги се покажаа како последни ѓубриња. На Лечиќ му ги одзедоа улогите. Не можам повеќе да го гледам Биковиќ. Како млад колега потпиша дека Бранислав Лечиќ не може да ја игра претставата – додаде Ева Рас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Ras (@evaras4588)

Потсетуваме, моментно е актуелна веста дека продукцијата на HBO одлучила да го замени Милош Биковиќ во новата сезона на популарната серија „Белиот лотос“ и така глумецот се најде во центарот на вниманието, откако првично беше објавено дека српскиот актер ќе се појави во третата сезона на популарната серија. Информациите за неговиот ангажман во серијата пред десетина дена предизвикаа бурни реакции во Украина, бидејќи на социјалната мрежа Икс (Твитер) беше објавено видео во кое тој е обвинет за геноцид.

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....