Поранешниот партнер на познатата српска водителка Јована Јеремиќ, бизнисменот Драган Станковиќ, го посети Храмот Свети Сава во Белград во придружба на своето семејство и новата девојка, за да се поклони пред Појасот на Пресвета Богородица. Иако тој веќе не ја крие својата новапартнерка во јавноста, на неговите профили на социјалните мрежи сè уште можат да се најдат бројни фотографии со Јована Јеремиќ.
На овие архивски фотографии тие двајца се гушкаат и бакнуваат, па за јавноста е невообичаено зошто спомените со поранешната девојка сè уште стојат на неговиот профил, со оглед на тоа што и двајцата продолжија понатаму во нови врски.
Драган Станковиќ веќе извесно време ужива во романса со новата девојка, со која неодамна беше виден и на концертот на Весна Змијанац, додека нивното прво заедничко појавување во јавноста беше на концерт во Арената, каде таа привлече големо внимание. Сега, во придружба на синовите и снаата на Драган, тие го посетија Храмот за да ја видат големата светиња која останува во српската престолнина уште два дена. Своето емотивно искуство бизнисменот го сподели на Инстаграм, објавувајќи фотографии со порака:
„Семејството, верата и љубовта — темели на сè“.
