17:30 - 15 ноември, 2026

(Фото) Ивона Јо ужива на море со сопругот: „Топли ноќи исполнети со љубов“

Пејачката Ивона Јо ги искористи слободните денови меѓу бројните настапи и свирки за кратко романтично бегство на море со сопругот Кристијан Тодоров.

Младенците, кои на почетокот на оваа година го кажаа судбоносното „да“, во моментов уживаат во заеднички одмор, а дел од убавите моменти ги споделија и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Ивона Јо

На објавените фотографии и видеа може да се види дека парот максимално го користи времето заедно. Ивона објави снимка од плажа на која двајцата се прегрнати, а потоа сподели и серија фотографии исполнети со насмевки, романтични мигови и нежности.

Фото: Инстаграм/Ивона Јо

Покрај фотографиите, пејачката испрати и емотивна порака во која ја изрази својата благодарност и среќа.

„Топли ноќи исполнети со љубов, насмевка и неизмерна благодарност за сѐ што е – и што доаѓа. Ти благодарам Господе“, напиша Ивона.

Фото: Инстаграм/Ивона Јо

Судејќи според објавите, летниот одмор им годи на двајцата, а љубовната приказна на Ивона и Кристијан продолжува да биде исполнета со многу блискост, поддршка и заеднички моменти за паметење.

Слични објави

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.
Се вчитува....