13.8 C
Скопје
11:37 - 26 октомври, 2026

(Видео) Го остави поради алкохолот, па се смирија – Анабела се појави со сопругот на настан

Анабела Атијас по подолго време се појави во јавноста во друштво на сопругот Андреј Атијас. Двајцата присуствуваа на роденденската прослава на нивниот близок пријател и менаџер Ненад Шипка во Белград, а вниманието на присутните го привлече променетиот изглед на Андреј, кој пуштил долга коса и значително го сменил имиџот.

Пејачката во разговор со српските медиуми објасни дека нејзиниот сопруг не е љубител на јавни настани, поради што ретко може да се види на вакви собири.

„Мојот сопруг не е тип кој сака многу да излегува, но ова се луѓе кои ни се блиски и тогаш се трудиме да испочитуваме“, изјавила Анабела.

Таа откри и зошто нејзината ќерка Луна Ѓогани и зетот Марко Миљковиќ не присуствувале на прославата.

„Луна и Марко нема да дојдат бидејќи ако тие дојдат, јас би требало да бидам кај нив со децата. Кога станува збор за нешто што ним им е поважно, со задоволство ги чувам внуците. Јас сум се изнашетала и сум била насекаде, сега е нивен ред“, рекла пејачката.

Освен за семејството, Анабела зборувала и за пејачката Мина Костиќ, која деновиве е во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината здравствена состојба.

„Не бев блиска со Мина Костиќ, но слушнав што се случило. Никој од нас не ја знае точната причина и што сè стои зад тоа. Од срце ѝ посакувам многу љубов и сила да се избори и да истрае. Никој не е заштитен, секому може да му се случи. Треба да внимаваме што зборуваме и какви коментари оставаме, најмалку има простор за осудување“, изјавила Анабела.

Инаку, Анабела и Андреј Атијас во минатото поминаа низ тежок период во бракот, по што се разделија, но подоцна повторно се смирија. Според нивното заедничко појавување во јавноста, се чини дека денес уживаат во стабилен и хармоничен однос.

Слични објави

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.
Се вчитува....