10:07 - 13 ноември, 2026

Карлеуша со нови обвинувања кон Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии“

Пејачката Јелена Карлеуша повторно предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако јавно се огласи по повод актуелните естрадни препукувања и упати серија обвинувања кон својата долгогодишна ривалка, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Во објавата, Карлеуша тврди дека со години била мета на забрани, медиумски напади и организирана кампања против неа, но дека и покрај тоа успеала да опстане на сцената.

Особено внимание привлече нејзиното тврдење дека Ражнатовиќ го изгубила поранешното влијание, како и обвинувањето дека наводно посетува гатачки и бајачки.

„Нејзината опсесија е толкава што оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, па тие жени ми јавуваат. Претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молитва“, напиша Карлеуша.

Таа во објавата наведува дека со години била единствената која јавно зборувала против својата ривалка.

„Кога сите молчеа, јас не молчев. Ми нанесе многу зло. Користеше политичари и пријатели во медиумите за да ми забрануваат настапи и да ме сатанизираат до таа мера што јавноста поверува во тоа“, напиша пејачката.

Карлеуша понатаму тврди дека денес нејзината ривалка повеќе нема влијание како порано.

„Сега и јас замолчев затоа што таа е завршена. Повеќе не постои. Од изгледот, преку гласот, до некогашната слава – сè исчезна“, стои во нејзината објава.

Новите прозивки доаѓаат откако Карлеуша неодамна реагираше на изјава на Цеца дадена по враќањето од концерт во Темишвар. Тогаш таа напиша дека нејзината колешка „настапува на ромски вашар во Романија“, дополнително продлабочувајќи го долгогодишниот конфликт меѓу двете пејачки.

Засега Светлана Цеца Ражнатовиќ не се огласила по повод најновите обвинувања на Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....