11.8 C
Скопје
21:44 - 19 април, 2024

Дневен хороскоп за 7 октомври: Планетите им се наклонети на Близнаците и на Раковите

Овен
Во раните часови ќе се чувствувате лошо и нерасположено, но инспирацијата ќе ви се врати во текот на денот. Ве очекува продуктивен ден. Во суштина сте личност која многу добро забележува одредени ситуации. Сепак, денес се можни манипулации кои нема да ги прифатите.

Бик
Немојте да сте летаргични. Потрудете се да ги завршите обврските и потоа да уживате во денот. Се чувствувате многу добро во друштво на една личност, но морате да се впуштите во авантура. Одете на стоматолог.

Близнаци
Не сакате само кампањски да и пристапите на работата, туку сакате да сте доследни на себе. Тоа ќе ви одземе повеќе време, но ќе ви овозможи почит кај надредените. Немате обзир за нечии чувства бидејќи немате посебна почит кон таа личност. Сепак, не и го трошете времето. Зголемете ја физичката активност.

Рак
Бидете посветени денеска и следните денови, а потоа ве очекува голем успех. Една Девица од странство е одличен избор за вас. Пробајте на време да се подготвите за поголеми предизвици на полето на емоции. Паднат ви е имунитетот.

Лав
Имате големи издатоци кои се врзани со понатамошното инвестирање во нови проекти. Премногу сте статични во односот кон една личност и постојано ја разочарувате. Водите тивка борба со насмевка на лицето. Можни се болки во стомакот.

Девица
Денес ќе водите битка која некогаш одамна е изгубена. Сепак, прифатете го поразот и продолжете напред. Некој ќе ве поттикне да се впуштите во силна љубовна врска, без оглед на ситуацијата на која сте навикнати. Спијте повеќе.

Вага
Отсекогаш сте сакале посилна позиција и не сте биле лош лидер. Сепак, потребно е да бидете забележани од некоја личност за да успеете. Не заборавајте дека самотијата не е добра за никого, а најмалку за вас. Некоја личност ќе се појави, добро би било да и дадете шанса. Здравјето ви е чувствително.

Скорпија
Сакате да ги држите ситниците под контрола кога станува збор за работата. Не е лоша идеја дополнително да се ангажирате за работи кои сте ги пропуштиле претходно. Имате одлични аспекти на полето на емоции. Излегувајте и повеќе дружете се. Ќе уживате во друштвото на една Риба.

Стрелец
Доколку се занимавате со приватен бизнис не очајувајте поради лошите околности. Останете истрајни. Ви доаѓа познанство кое ќе резултира со врска, преку некој од вашите колеги. Покажете се во најдобро светло. Уморни сте и под стрес.

Јарец
Денеска ќе ги соберете плодовите од вашата напорна работа во текот на целата недела. Не морате многу да се двоумите околу емоциите. Бидете само искрени кон себеси. Моѓни се дигестивни проблеми.

Водолија
Лошо сте поставени во однос на работата овој период. Доколку не решите некои работи, можни се поситни грешки кои ќе влијаат на вашата работа. На повидок е нова љубовна врска со личност родена во огнен знак. Бидете отворени и искрени кон таа личност. Проблеми со притисокот.

Риби
Некои работи можат да ви го поправат денешното расположение, но само ако вие го дозволите тоа. Не покажувајте лошо расположение кон луѓето кои не го заслужуваат тоа. Слободните претставници на овој знак можат да здивнат поради проблемите кои ги имаа со своите бивши. Доаѓа подобар период за вас.

Слични објави

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо
Се вчитува....