14.8 C
Скопје
19:54 - 26 април, 2024

Дневен хороскоп за 26.10.2019: На Бикот му недостасуваат витамини, а Раковите ќе ја запознаат својата сродна душа

ОВЕН
Неочекувана, но повеќе од добрeдојдена ќе ви дојде финансиската стимулација која ќе ви го разубави денот. Сега можете да размислите за шопингот по кој долго време мечтаете. Друштво нека ви прави близок пријател кој е спремен на добра забава и помин. Немојте да ги задржувате чувствата, ослободете се од стегите. Можна е појава на настинка или грип.

БИК
Вие напросто плените со вашата појава денес и никого не оставате рамнодушен. Сензуалноста ви е нагласена и тоа дополнително придонесува за впечатокот што го оставате на луѓето. Еден разговор со некој ваш пријател, може дополнително да ве зближи. Бидете спремни на многу искреност и од двете страни. Не заборавајте на витамините!

БЛИЗНАЦИ
Смислата за убавина е вашиот главен сојузник. Можно е да откриете некои нови таленти поврзани со уметноста. Ако имате доволно слободно време, одлучете се за приватни часови или некој друг вид на додатна едукација. Актуелниот или потенцијалниот партнер би можел да ви се придружи. Уживајте во заедничкото друштво, но и во новите активности. Трчањето е одлична активност за вас.

РАК
Ќе присуствувате на извесно друштвено собирање, каде што ќе запознаете личност од интерест и во тоа многу ќе уживате. Ако сте сингл, можно е таа личност да стане ваш партнер. Немојте да ги оставате обврските за последниот ден. Внимавајте на крвниот притисок.

ЛАВ
Денес конечно ќе запознаете некој на кого веќе долго време му се восхитувате и чиј труд го цените. Ве очекува поприлично интересен ден и ќе сфатите дека има многу нешта на кои сакате да се посветите. Најдете време за пријателите, па дури и за оние со кои немате најхармоничен однос. Дојде време за промени и простувања.

ДЕВИЦА
Односите со останатите ви се баш онакви како што ги сакате: се чувствувате сакано како никогаш досега. Ново пријателство или некое старо, со личност која не сте ја виделе подолг временски период, наеднаш ќе стане поцврсто од било кога. Ве окупираат креативните идеи кои сте сакале да ги реализирате. Спремете се за ден исполнет со многу задоволства.

ВАГА
Среќен ден е пред вас и изгледа дека животот ви се движи во вистинскиот правец. Сепак, некоја помала и бизарна ситуација ќе ве извади од такт. Обратете внимание на расеаноста бидејќи може да загубите нешто што ви е многу скапоцено. Искористете го викендот за прошетка во природа со личноста што е дел од вашето срце.

СКОРПИЈА 
Односите со некои од надредените ќе ви се расипат. Внимавајте на односот со нив, не сакате да предизвикате поголеми проблеми. Вечерта поминете ја со партнерот или семејството, но не е препорачливо да останете дома и сами. Најубаво ќе се опуштите со музика и чаша добро вино.

СТРЕЛЕЦ 
Некое друштвено собирање поврзано со вашата професија би можело да ви овозможи контакт со некои интересни личности. Немојте да се изненадите ако забележите некој кој може емотивно да ве заинтересира. На вас останува да одлучите дали сакате да се впуштите во нешто повеќе или да остане само на добра забава. Не се оптоварувајте премногу, можно е појава на болка во зглобовите.

ЈАРЕЦ 
Хемијата помеѓу вас и вашиот партнер само зајакнува, а исто така и на животното поле сте прилично компатибилни. Денес можно е да искусите страст како никогаш досега. Не е лошо да започнете разговор за вашата заедничка иднина. Пред себе имате одличен соговорник. Можни се зачестени болки во желудникот, посетете лекар.

ВОДОЛИЈА
Се чувствувате ли малку видовито во последно време? Дали можеби се претворил во реалност некој ваш скорешен сон или желба? Денешните визии ќе бидат многу едноставни и лесно ќе ги разберете. Запишете ги!  Ќе сакате да им обратите внимание подоцна. Нешто од тоа што го чувствувате може да биде вознемирувачко, поврзано со некоја јавна личност или некој на кого му се восхитувате.

РИБИ 
Денес можно е да се видите со некој стар пријател на кафе и да се впуштите во интересен разговор. Некои фасцинантни идеи и корисни информации можно е да се разменат. Многу од тоа што е кажано може да се искористи за започнување на нови и креативни проекти. Ако не е доцна, прошетајте се некаде и разбистрете ја главата. Свежиот воздух убаво ќе ви дојде.

Слични објави

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....