15.8 C
Скопје
17:16 - 25 октомври, 2026

Џон Клиз: Лондон повеќе не е англиски град

Познатиот британски комичар Џон Клиз предизвикува контроверзии со една од своите последни објави на Твитер, каде што меѓу другото, вели и дека „Лондон повеќе не е англиски град”.

– И пред неколку години, јас велев дека Лондон повеќе не е баш англиски град. Оттогаш речиси сите мои пријатели од странство ја потврдија таа моја забелешка. Па, мора да има и малку вистина во тоа… Исто така, забележав и дека Лондон е градот во Велика Британија, кој најодлучно гласаше да се остане во ЕУ – напиша Клиз.

Многумина на интернет оваа изјава ја оценија како ксенофобична и расистичка.

Меѓу најжестоките критичари беше неговиот колега, глумецот Дом Џоли.

– Тој е очигледно многу интелигентен и забавен човек, но ова е навистина расистичка објава. Второ, оваа расистичка објава доаѓа од човек кој живее на Карибите. Иронијата е луда – изјави Џоли.

Слични објави

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.

Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ — се заљубиле, раскинале, па повторно се пронашле

К.С.

(Фото) Северина се огласи од Палермо: „Кога си на Сицилија, биди Сицилијанка“

Т.Ц.

Гоца Тржан се присети на дружењето со Тоше Проески: „Имав голема среќа токму со мене да го сними својот прв дует“

Т.Ц.
Се вчитува....