15.8 C
Скопје
19:52 - 4 мај, 2024

Џибони за успехот на Александра Пријовиќ: Тие имаат повеќе прегледи, но луѓето мене ми доаѓаат на концерт

Пејачката Александра Пријовиќ, која неодамна распродаде пет последователни концерти во загрепската Арена, е главна тема во медиумите, но и меѓу нејзините колеги од Хрватска.

Јелена Розга, Северина и Нина Бадриќ ѝ упатија честитки, а нејзиниот успех го искоментира и пејачот Златан Стипшиќ – Џибони и откри дали е изненаден од популарноста на Пријовиќ во Хрватска.

„Живеев во Берлин и Лондон – одлика на големите средини е да постојат паралелни светови. Едни одат на концерт на ‘Депеш моуд’ и мислат дека тоа е најважното на свет, други одат на Ерик Клептон и тоа, исто така, им е најважно. Во малите места, целото село доаѓа на концерт со забавна музика, а во големите средини, како што е Загреб, сосема е нормално да постојат сите светови“, рекол Џибони и додал:

„Луѓето ја гледаат мојата публика, па велат дека е масовна. Не е масовна, туку е верна. На Спотифај (музичка платформа), десетина пејачи имаат повеќе слушатели од мене, но луѓето доаѓаат на мои концерти. Потоа сите се обидуваат да откријат што е вистина, но јас не можам да го правам тоа, така што ништо од резултатите не ме чуди.“

Фото: Инстаграм/Џибони

Пејачот смета дека неговата музика не може секому да му се допадне.

„Прошетајте низ градот навечер, погледнете ги сите прозорци што светат и не светат, зад секој прозорец живеат по тројца или четворица. Тоа е море со различни вкусови. Исто така, наоѓам секакви коментари за мојата музика, од ‘Џибони е цар’ до ‘Досадно ми е, не го разбирам’. Едноставно прифаќаш и сфаќаш дека не си за секого, фала Богу што е така.

Не мислам дека музиката има некакви задни намери. Таа е мелем за душата, отворено писмо упатено до луѓето кои можат да ја почувствуваат. Некои луѓе, откако ќе раскинат врска, не можат да се пронајдат во ништо друго освен во таа народна музика, тоа е неговото отворено писмо кое може да го прочита. Нема да се најде во некој друг жанр, бидејќи тоа не е писмо за него. Секој се пронаоѓа во тоа за што е и не гледам никаков проблем во тоа.

Музиката секогаш ги собира луѓето. Што има чудно во тоа?“, објасни пејачот.

Џибони проговори за здравствените проблеми: „Двапати ме оперираа, се прашував како ќе преживеам“

Слични објави

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....