04:05 - 9 ноември, 2026

Дали се наѕира крајот на 12-годишната врска меѓу Пике и Шакира откако пејачката го фатила фудбалерот во прегратка на друга жена?

Долгогодишната врска помеѓу пејачката Шакира (45) и шпанскиот фудбалер Жерар Пике (35) наводно е на работ на колапс откако колумбиската пејачка го фатила своето момче во прељуба, пишуваат странските медиуми.

Како што пренесува шпанскиот „Елпериодико“, Шакира го фатила Пике во кревет со друга жена. Се наведува дека парот веќе неколку недели живее одвоено откако пејачката го избркала фудбалерот од семејниот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Блиски извори тврдат дека шпанскиот репрезентативец често посетувал ноќни клубови со соиграчот Рики Пуиг и неговото друштво, и знаел од излегување да се врати и околу 3 часот наутро.

Иако се уште не се огласиле за овие гласини, новинарот на споменатиот шпански медиум тврди дека ќе се разделат.

– Шакира донесе одлука за раскинување на врската. Затоа постои дистанца – рекол новинарот за време на подкастот во живо на почетокот на неделава.

Да потсетиме, латино дивата Шакира и фудбалерот Жерар Пике се заедно повеќе од десет години и имаат два сина, Милан и Маша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....