11:08 - 29 ноември, 2026

(Фото) Три судења -ист црн фустан, суеверието поврзано со Амбер Херд

Амбер Херд повторно е на мета на корисниците на социјалните мрежи, сега поради нешто неочекувано и специфично.

Луѓето со „остри очи“ забележаа нешто интересно во облеката на актерката – како што ја нарекуваат на социјалните мрежи „погребна облека“, која таа ја носеше на две судења – во 2016 година и пред две години. И сега, на судењето со Деп, Амбер го облече истиот фустан по трет пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Поранешната сопруга на Џони Деп носеше црн фустан кога поднесе забрана за приближување против него во Лос Анџелес во 2016 година, а потоа повторно го облече истиот фустан во Лондон во 2020 година додека присуствуваше на судењето за клевета меѓу Деп и британски весник „Сан“.

Корисниците на Твитер сега забележаа дека таа повторно го облече истиот „темен фустан“ додека ја напушташе судницата откако дозна дека ќе биде принудена да плати отштета од 8,35 милиони долари на нејзиниот 58-годишен поранешен сопруг.

„Понекогаш е важно да го носите истиот фустан три пати. Денот кога му го уништивте животот, денот кога се согласивте да лажете на суд, денот кога изгубивте – напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Твитерџии се мајтапеа дека станува збор за амишки фустан или за фустан кој привлекуа зло. Трети пак пишуваат дека „не ти успеа среќниот црн фустан“ по трет пат, правејќи ја глумицата суеверна…

„Фустан за повикување на злото“, „Сакаше да го закопа Деп, но се закопа себеси“, „Жената се испрати во пеколот“, „Проколнат фустан“, се дел од коментарите.

 

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....