08:26 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) Подарокот од Емануел Макрон за кралицата Елизабета Втора плени со својата елеганција и хармоничното држење

Францускиот претседател Емануел Макрон на британската кралица Елизабета Втора и подарил коњ од француската Републиканска гарда за нејзината 70-годишнина од тронот, објави Елисејската палата.

Седумгодишниот пастув Fabuleu de Maucour го отелотворува француското одгледување коњи со неговата елеганција, хармоничното држење и добриот менталитет, порачуваат од Елисејската палата.

Пастувот потекнува од североисточна Франција, потомок е на спортски коњи, а на почетокот на мај првпат го придружуваше Макрон низ Елисејските полиња.

Фабул е подарен заедно со француско коњичко седло, узда и сабја. Сè уште не е познато кога кралицата, познат љубител на коњи, ќе се сретне со него.

Подарокот го примил лордот Руперт де Моли во замокот Виндзор во име на Елизабета Втора, пишува AFP.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....