1.8 C
Скопје
07:58 - 22 ноември, 2024

ДА БЕШЕ ЖИВ ТОШЕ ПРОЕСКИ, ДЕНЕС ЌЕ ГО ПРОСЛАВЕШЕ СВОЈОТ 41. РОДЕНДЕН: Неговата поранешна менаџерка и девојка ја соблекоа црната облека и продолжија понатаму – „Секогаш кога одам на неговиот гроб, завршувам во болница…“

Сеќавањето на македонскиот славеј Тоше Проески, кој остави неизбришлива трага во нашите животи со неговите музички дела, не згаснува ниту 15 години по неговата смрт. Неговиот живот прерано зграсна во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во 2007 година. Имаше само 26 години.

Да беше жив, на 25 јануари ќе го прославеше својот 41 роденден. Младото момче кое освојуваше со својата прекрасна насмевка го красеше скромноста, а секогаш нагласуваше дека најважно е љубовта да ги движи луѓето.


Роден 1981 година во Прилеп, зад себе остави богата музичка ризница во која и денес можеме да видиме колку бил талентиран. Голем човек и хуманист (како амбасадор на УНИЦЕФ им помагаше на децата) е само мал дел од сето она што беше Тоше во текот на неговиот живот и нема човек што немаше пофални зборови за него.

Со широка насмевка и ангелски глас ја освои бројната публика, но пред се го красеше неговата скромнос.


„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, велеше за животот, честопати нагласувајќи дека љубовта е она што треба да ги води луѓето. Веќе со првиот настап, како десетгодишник, ја остави публиката без здив, пеејќи ја „Аве Марија“, а во студиите за соло пеење стана еден од најдобрите студенти.

Како што почнал да пее како тинејџер, обожавателите го опсипувале со плишани играчки кои ги имал во изобилство, па во својата куќа во Крушево имал една посебна просторија само за нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olga Zamarina (@o_zamarina)


Песните „Усни на усни“ и „Сонцето во твоит руси коси“ му ги отворија вратите на македонската музичка сцена, па во 1999 година го издава својот прв соло албум „Некаде во ноќта“. Пееше и на Евровизија во 2004 година, а истата година на хрватскиот пазар го објави дуетот со Тони Цетински „Лагала нас мала“ што му ја отвори вратата кон хрватската публика и сцена..

Најизведувана песна на хрватските радио станици во 2006 година беше песната „Срце није камен“, можеби еден од најголемите хитови на Тоше. Како автор на песната се потпишува позната хрватската пејачка Антонија Шола, со која пејачот го сними и дуетот „Волим осмех твој“.

Тоше своето последно интервју го даде еден ден пред кобната ноќ во емисијата „Вртелешка“ на Весна Петрушевска, во кое зборуваше за своите планови за иднината, кои за жал никогаш не се остварија.

Почина рано утрото на 16 октомври 2007 година, недалеку од Нова Градишка, на автопатот Загреб – Липовац, утрото околу 6:20 часот. Тој на пат кон Загреб седел на совозачкото седиште во автомобил управуван од неговиот пријател Ѓорѓи Ѓеорѓиевски и поради неприлагодена брзина возилото удрило во приколка на камион од страната каде што бил Тоше.


„Тоше ми носеше бели рози, моите омилени цвеќиња. Сега ги носам на неговиот гроб. Докторот ми забрани да одам во Крушево бидејќи секогаш кога одам на гробот на Тоше завршувам во болница“ – изјавила неговата девојка Андријана Будимир која по трагедијата долго време носела црна облека, а притоа целосно се повлекла и значително ослабела. Таа со години тагуваше за загубата на Тоше.


Поранешната ракометарка денес е успешена раководител кана ракометната школа за деца во Македонија. Будимир е во брак со скопскиот угостител Јохан, со кој го има синот Максим.

Менаџерката на Тоша, Љиљана Петровиќ, која исто така кобната ноќ беше со него во автомобилот, по несреќата се повлече од музичкиот свет и започна да одгледува лаванда и смил, пишува „Слободна Далмација“.

„Никогаш не помислив да се вратам во менаџерските води, бидејќи тоа за мене би било големо страдање и тортура. Ќе се чувствувам како да сум го изневерила Тоше. Бев менаџер на Тоша, Љиља на Тоше, така ме запознавте и така ќе остане засекогаш“ – изјави Петровиќ  пред неколку години.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....