21:39 - 8 ноември, 2026

Човекот на кого Марија Шерифовиќ му помогна е измамник: Тој е алкохоличар и лажго!

Марија Шерифовиќ му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој спиеше под мостот, да му обезбеди покрив над главата и нормални услови за живот. Меѓутоа, како што сега пренесуваат медиумите, младиот човек ја измамил пејачката и се претставил во сосема поинакво светло од она што навистина е.

Марија му нашла работа на градските базени, му плаќала кирија за стан за една година и три оброци дневно во блискиот ресторан.

Сега се појави веста дека Мустафа бил избркан од станот, за што Марија му платила кирија, а се огласила и сопственичката на станот која тврди дека е обичен измамник.

Таа тврди дека снимањето на Мустафа под мостот било чиста глума, со која сакал да добие сожалување од луѓето и донации. Го нарече безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажа и дека е многу неуреден и дека е лага дека сега живее со сопругата и нејзините три деца.

Да потсетиме, на Марија ѝ беше жал кога слушна за талентираното момче кое живее под мостот.

– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници такви примери, но ако малку му го подобривме животот и му го олеснивме макар и за момент, ете барем таа една година… – рекла Марија.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....