05:13 - 29 ноември, 2026

(Фото) Калиопи го промовираше новиот албум – „Албум“: 10 песни и дует со Слаткар

Македонската поп-дива Калиопи, на голема радост на љубителите на добрата музика, денеска го промовираше новиот албум едноставно наречен – „Албум“.

На „Албум“ се наоѓаат 10 песни, меѓу кои е вклучена и веќе познатата дуетска нумера „Знам“ со српскиот пејач Жељко Самарџиќ. Уште една веќе позната песна на публиката, се најде на новиот албум – „Кад осване“.

Вистинско изненадување и освежување на „Албум“ е соработката помеѓу Калиопи и Марко Маринковиќ-Слаткар, од која изнедрила песната насловена „Казна“.

На албумот уште се наоѓаат и „Ела“, „Зашто“, „Погледај ме сад“, „Парампарче“, „Во земјата на чудата“, „Дај ми комад душе“, „Дај, дај ми дај“.

Калиопи ги промовираше и шесте видеоспота снимени за новите песни.

Инаку, „Албум“ е музички проект што е создаден по повод 40-годишната соработка помеѓу Калиопи и Ромео Грил.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....