12.8 C
Скопје
21:05 - 19 октомври, 2026

Ава Карабатиќ откри кој е таткото на нејзиното бебе: „Сакам син, ќе го носи името на татко ми“

Хрватската старлета и поранешна ријалити-учесничка Ава Карабатиќ објави дека е бремена, откако направила тест за бременост. Веста ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, каде што редовно ги открива и убавите и тешките моменти од својот живот.

„Бремена сум, штотуку направив тест, во шок сум…“ – напиша Ава на својот фејсбук-профил.

Подоцна проговори и за регионалните медиуми, откривајќи дека сè уште се привикнува на новата ситуација.

„Сè уште сум во шок и малку ми е смешно, но тоа е реалноста. Во животот често сум правела погрешни избори, а сега едноставно се препуштив на моментот. Пред две недели дознав и навистина сум многу среќна“, изјави старлетата.

Ава откри дека детето го очекува со човек со кој претходно била во врска.

„Тоа не е човекот за кој мислев дека ќе бидам со него, но е моја љубов од младоста. Некои работи се случуваат кога најмалку очекуваме. Не посакувам брак, ова се случи спонтано. Нема да го чувам детето сама – тука е мојот пријател од детството и уште еден близок пријател. Случајно дознав, имав некои здравствени проблеми“, објасни таа.

На прашањето дали посакува момче или девојче, Ава искрено одговори:

„Би сакала син. Ќе го крстам по мојот татко – Иван.“

 

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....