16:28 - 8 ноември, 2026

Ме сопре полиција со фантомки: Шеф Никола доживеал драма

Шеф Никола од „Брза кујна“ го сопрела полиција и направиле претрес на неговото возило откако им рекол дека има ножеви.

Целата приказна, познатиот готвач ја раскажа во подкастот „Биди свој“ каде што гостуваше со шеф Кирил Ивамов, а откри и други детали од неговата кариера.

-Јас без нож дефинитивно не можам. Тоа ми е окупација, пасија, купувам цело време ножеви. Никаде не тргнувам без ножеви, во кола имам сега сигурно десет ножеви. Ми се случило да ме сопре полиција, на некоја рација во Скопје, интервентна.

Фото / Јутјуб принтскрин

Со фантомки доаѓаат: „Дали имаш нешто да пријавиш во гепек“. Велам дека имам ножеви. „Иии, ножеви“. „Ама јас сум готвач, застанете“. Додека ме познаат кој сум, што сум. Отвараат, вистина ножеви. Јас ги имам спакувано како што треба, алат ми е тоа како мајстор некој што работи со штрафцигер- рече Никола Мишковки.

-Како работник можам да издвојам еден куп моменти каде што како што кажав зошто мажите и жените не можат да ја издржат оваа професија, Тензично, во кујната е дефинитивно тензично. Вие не знаете во кујната пред Нова година како е, има премногу работа – додаде готвачот. 

 

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....