8.8 C
Скопје
12:03 - 1 април, 2026

ЗА НЕГО: Како да го одберете совршениот новогодишен подарок?

Доколку станува збор за вашиот брачен партнер, тогаш овој избор е многу едноставен. Меѓутоа, доколку сте и понатака во фазата на запознавање или секојдневно откривање работи едни за други, тогаш со овие 5 предлози за новогодишен поклон, никако нема да згрешите.

Парфем 

До сега сигурно сте имале прилика да видите која е неговата омилена арома, а можеби баш тоа е она што ви е најголем афродиијак кај него. Зошто да не му го подарите омилениот мирис во кој загарантирано и двајцата ќе уживате во наредните неколку месеци?

Сезонска карта

Што си во хороскопски знак и за кого навиваш? Ова се сигурно прашања кои веќе сте му ги поставиле на првиот состанок, па купувањето на сезонска карта за неговиот омилен тим, секако е непогрешливо добар подарок кој му покажува колку го подржувате во неговите интереси. Фудбалот е сепак најважната споредна работа на светот.

Манжетни

Доколку вашиот маж е човек со стил, тогаш топло ви препорачуваме манжетни кои ќе ги чува цел живот. Уникатен детаљ за мажите и нивните кошули. Погодни се за драга личност, татко, брат и пријател. Тоа е идеален и оригинален подарок за да се „украси“ машката кошула, па со ваков новогодишен подарок нема никаква утка.

Облека

Иако купувањето облека е главно неблагодарна, среќа денешните модни ланци имаат можност за купување на ваучер, па така за празниците можете во друштво на вашиот маж да ја одберете големината, но и модното парче кое најмногу му е потребно или му се допаѓа.

Книга

Доколку е љубител на литература и смета дека дефиниција за празник се топла атмосфера дома и одлична книга, тогаш ни овде не можете да погрешите. Доколку не сте сигурни дали ќе ја погодите книгата или жанрот, исто така имате можност да купите ваучер. Тоа би било идеален подарок.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....