01:48 - 11 ноември, 2026

ШТО Е „ИНСТАГРАМ“: Шефот на компанијата најави промени во новата година

инстаграм

Шефот на социјалната мрежа „Instagram“, Адам Мосери во вторникот вети дека следната година ќе се „преиспита што е „Instagram“.

Во видеото објавено на „Twitter“, Мосери рече дека „Instagram“ ќе се фокусира на поголема транспарентност, но и на подобрување на начинот на кој создавачите на содржина на платформата можат да заработат пари.

„Размислуваме за тоа кои сме, што цениме и на каква промена сакаме да влијаеме во светот“, изјави Мосери.

„Instagram“ и оваа година не остана имун на зголемениот притисок на американските регулатори. Во септември, „The Wall Street Journal“ повикувајќи се на интерна анкета на „Instagram“ објави дека компанијата била свесна за штетата што „Instagram“ им ја нанесува на тинејџерите, особено на менталното здравје на тинејџерките.

Тој извештај по кој следена мноштво други, предизвикаа повеќе конгресни сослушувања насочени кон „Instagram“ и други социјални апликации, вклучително и сослушување на кое Мосери беше повикан да сведочи.

Од компанијата соопштија дека погрешно била карактеризирана целта и наодите од истражувањето, нарекувајќи го неточно тврдењето дека „Instagram“ е „токсичен“.

Покрај тоа, Мосери кажа дека целите за 2022 година вклучуваат консолидација на сите напори на „Instagram“ за развој на „Reels“, производ кој треба да биде конкурент на „TikTok“.

Мосери исто така нагласи дека апликацијата ќе работи на подобрување на начините на кои креаторите на платформата можат да заработат пари за нивната содржина.

Сè уште не е јасно што ќе донесат овие промени, но се чини сигурно дека следната година ќе видиме нов, поинаков „Instagram“.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....