24.8 C
Скопје
01:47 - 22 август, 2026

СИТЕ МИСЛЕА ДЕКА Е АФЕРА КОЈА НЕМА ДА ПОТРАЕ: Винсент Касел и Тина Кунаки го докажаа спротивното

винсент касел

Откако се разведе од Моника Белучи, 55-годишниот Винсент Касел започна врска со манекенката Тина Кунаки. Тие се веќе пет години заедно, а неодамна ја прославија и третата годишнина од бракот.

Атрактивната Тина, која успеа да го освои поранешниот сопруг на една од најубавите жени во светот, сега со него ја има ќерката Амазон родена во 2019 година.

Двојката се забавуваше во 2016 година, а се запознаа на Ибица кога Тина имаше само 19 години. Откако јавноста дозна за врската, Тина со години беше „линчувана“ од медиумите и фановите на Моника, но никогаш не ги коментираше и не обрнуваше внимание на провокациите. Некои тврдеа дека моделот е само моментален каприц, но тие го докажаа спротивното.

Интересно е што 24-годишната Тина, како и Моника, има италијански корени и потекнува од африканската држава Того од татко Мароканец и мајка сицилијанска.

Половина од времето двојката живее во Бразил каде често може да се најдат на плажа, а Тина обично го краде целото внимание.

Тина ја започна својата кариера во Мадрид, а по снимањето на два успешни спота, нејзината кариера тргна во нагорна патека. Таа се пресели во Лондон, го научи јазикот, а потоа Роки, момчето на мегапопуларната пејачка Ријана, ја ангажираше за неговиот краток филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tina kunakey (@tinakunakey)

Врската со популарниот актер ѝ донесе светска популарност, а потоа почнаа да ја забележуваат брендови како „Dior“, бројни гиганти во индустријата за убавина, но и уредници на престижни списанија. Интересно е да се забележи дека Тина тврди дека немала поим кој е Винсент кога се запознале, а колку е популарен сфатила дури кога папараците почнале да ги следат насекаде.

Тина има брат и сестра, а е многу блиска со семејството. На училиште тренирала пливање, па дури и се натпреварувала, но во пливачката кариера била спречена поради повреда.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....