8.8 C
Скопје
03:04 - 18 октомври, 2026

ВРЕДИ ЛИ ДА ДАДЕТЕ ВТОРА ШАНСА? Препознајте по овие пет знаци

Имавте солидна и добра врска, но се случи „краток спој“ и раскинавте. Но, повеќе од очигледно е дека нештата не се завршени.

Во вакви ситуации најпаметно е да се остави извесен период за партнерите да ги смират страстите, за да може да се разгледа објективно можноста за обновување на врската.

Ова се петте знаци кои ќе ви помогнат да препознаете дали вреди да се даде втора шанса:

1. Причината за раскинување била банална

Секоја причина којашто не е поврзано со неверство, изгубена доверба или насилство, заслужува да биде размислена уште еднаш. Изладете ја главата и двајцата и поразговарајте. Тогаш ќе видите дали врската заслужува уште една шанса.

2. Раскинавте човечки

Според некое непишано правило, врските кои завршиле цивилизирано, може и да се обноват. Со самото тоа што сте седнале двајцата и сте разговарале очи во очи, вие сте покажале меѓусебна почит кон односот кој го имате.

3. Немало навреди од која било страна

Некогаш, однесувањето на еден од партнерите ги намалува шансите за смирување. Иако во целиот тој емоционален хаос и страдање е нормално да влегувате од врска во врска и да бидете гледани со друштво од спротивниот пол, ако сакате помирување, контролирајте го своето однесување.

4. И понатаму постои емоционална поврзаност

Колку подобро сте се познавале еден со друг, толку поверојатно е дека во даден момент ќе почнете да си недостигате. А кога и двајцата партнери си недостигаат еден на друг, тогаш обновувањето на врската е логична акција.

5. Дали можете и сте спремни да простите?

Меѓусебното простување е многу важно кога сакате да обновите некој однос. Во таков случај, треба да ја затворите „црната тетратка“ со сите грешки на партнерот и да не го вадите минатото „низ нос“ секогаш кога ќе дојде и до најмала кавга.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....