19:51 - 27 ноември, 2026

Владо Јаневски ќе им пее на скопјанките за 8 Mарт!

По незаборавната вечер со Павле Камилоски, Intermezzo Music Bar продолжува со исто темпо – гостување на врвна ѕвезда, а за убав повод.

Овој пат во чест на празникот на дамите (8 Март) е закажан ексклузивниот концерт на чаирскиот романтичар, сопственикот на најубавите балади и човекот чиј глас никого не остава рамнодушен, единствениот Владо Јаневски.

Настапот на неповторливиот Владо, кој деновиве е актуелен со одличната балада „Недостасуваш“ е закажан за в недела, со почеток во 20 часот.

И како што би рекол Владо во една од своите балади – Не чекајте некој да ви дојави, едноставно бидете дел од најдобрата забава во градот – недела 20 часот.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....