11:37 - 12 март, 2026

Зошто треба да ги избегнувате бананите за појадок?

Нема никакво сомнение дека бананите се здрави. Содржат многу калиум, магнезиум и влакна. Меѓутоа, експертите не ги препорачуваат за појадок, а еве и зошто.

Бананите содржат 25 проценти шекер кој брзо го зголемува нивото на инсулин.

Последица: станувате уморни и многу брзо огладнувате!

Значи, ако наутро на работа за доручек изедете банана, тоа негативно ќе влијае на нивото на вашата енергија. Покрај тоа, сигурно ќе бидете „лудо” гладни па ќе барате некои (најчесто нездрави) закуски во вашата канцеларија или ќе одите до блиската продавница по некоја „брза храна”.

Меѓутоа, имаме и добри вести: ако не сакате да се откажете од бананите во утринските часови, тогаш комбинирајте ги со здрави масти, зачини или зачински билки кои не го креваат инсулинот „до небо”.

На пример, со кокосов путер, бадеми или чиа семиња. Така ќе се неутрализира киселината од бананата, а ќе бидат искористени придобивките од калиумот, влакната и магнезиумот – без да ви се покачи шекерот.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....