05:36 - 9 ноември, 2026

Вера Мештеровиќ открива зошто времето не остава никава трага на нејзиното лице и на телото

Знам и сама да си направам дома некоја маска за лице со домашен мед, понекогаш со павлака, маслиново масло и лимон, вели Вера Мештеровиќ во разговорот на тема нега за „Женски печат“.

Пред 24 години беше првата мисица која ја претставуваше Македонија на официјалниот меѓународен светски избор на убавина – Мис на светот, кој тогаш се одржуваше во Бангалор, Индија. Денес, како времето да застанало на 1996-та и воопшто не оставило трага на нејзината убавина. Подеднакво e убава и згодна. Вера Мештеровиќ, сега мајка на две деца, открива како се негува и како се одржува во форма.

– Пред еден месец го пробав третманот ПРП, кој е извонреден. Лицето го негувам со европска козметичка линија која е иновативна неврокозметика, паметна козметика. Навечер го чистам лицето и ставам крема околу очите, серум и ноќна крема. Наутро крема за околу очите, серум и дневна крема. Користам крема на лицето со заштитен фактор 30 спф преку целата година. Исто така, практикивам соодветни третмани за лице во салон за убавина, како што се третманите хифу, хидрафациал, окси, ремоделинг… Знам и сама да си направам дома некоја маска за лице со домашен мед, понекогаш со павлака, маслиново масло, лимон…

Внимава на исхраната, практикува да се храни здраво, а еве како:

– Во форма се одржувам така што се обидувам да се хранам здраво. Супи, салати, риба, месо, помалку благо и да не е доцна навечер последниот оброк. Доста течности, вода. Пешачење, вежбање, континуирана физичка активност.

Посебен режим на исхрана нема, но се потпира на производите со кои работи и за кои е бренд амбасадор. Тоа е комплет од три производи кој ѝ дава поддршка за одржување на линијата. Се труди редовно да вежба, вежби од пилатес, теретана и „хајкинг“.

Од третманите за тело ги практикува контур, мадеро и антицелулитни масажи во салонот за разубавување што го посетува.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....