11:16 - 31 март, 2026

Уште еден моден погодок на Џенифер Лопез – Популарниот кариран дезен се носи токму вака! (ФОТО)

Вака изгледа стајлингот кој зрачи со елеганција и гламур…

Пепито и карираниот дезен, како и елегантните комбинации се моментално многу актуелни во модниот свет.

Дизајнерите на голема врата ги вратија женствените стајлинзи кои ги истакнуваат облините и во кои секоја жена изгледа заводливо.

Кога помислуваме на гламур и елеганција, една од првите асоцијации за овие зборови е карираниот дезен. Познатата Коко Шанел го прославила ваквиот принт и модел на одела, а истиот до денес е незаменлив.

профимедиа

Доказ за тоа дека во ваквата комбинација секоја жена изгледа одлично е и последното појавување на пејачката Џенифер Лопез. Лопез била фотографирана во Лос Анџелес додека напуштала еден ресторан, а на неа носела кариран комплет од сако и панталони.

профимедиа

Панталоните со висок струк и пократкото сако на вистински начин ја нагласиле нејзината фигура на која вредно работи, а белата ролка е полн погодок со ваквата комбинација. За целиот стајлинг да изгледа уште поженствено придонела и високо врзаната пунџа и дискретната шминка. Малата црна чанта е секогаш добар избор.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....