11.7 C
Скопје
03:29 - 3 мај, 2024

Сè што треба да знаете за купување и ракување со плински боци во домаќинство

Бројни се предностите на короистење плински боци во домаќинствата. Цената е прифатлива, се работи за еколошки добар извор на енергија, лесно се набавува и зафаќа малку простор.

Но при купување и одржување на плинските боци треба да се внимава на неколку работи.

Боците купувајте ги на бензинска пумпа. Тие се атестирани и безбедни. Купувачот само треба да ги следи упатите и за совет може да го праша продавачот на бензинската.

Секоја плинска боца мора да има регуларот, гумичка, заштитно капаче и сигурносен вентил.

При купување треба да се провери датумот втиснат на боцата, кој означува кога е произведена боцата.

Ако долго време користите плинска боца, морате да ја контролирате исправноста на цревото, бидејќи ако е старо и долго се користи, можно е да дојде до ситни пукнатини кои не можат веднаш да се забележат.

Цревото премачкајте го со сапуница од детергент за миење садови и пуштете го гасот, доколку се прават меурчиња, тоа е знак дека цревото не е добро и треба да се замени.

Што да направите ако забележите течење на плинот во просторијата?

1. Веднаш затворете го вентилот на боцата и отворете ги вратите и прозорците.

2. Не палете светла, запалки, ни други извори на искрења и задолжително исклучете го фрижидерот.

3. Со помош на сапуница проверете го местото на пропуштање.

4. Ако причината не можете да ја отстраните сами, обратете се кај сервисерот на плински боци.

Како да ја замените плинската боца?

1. Затворете го вентилот на празната боца со вртење во правец на сказалките на часовникот.

2. Одвртете ја матицата на регулаторот со одвртување во насока на сказалките на часовникот.

3. На полната боца со вртење на вентилот во правец на сказалките на часовникот проверете дали вентилот е затворен, одвртете ја навојната капа со одвртување во ист правец.

4. Затворете ги сите вентили на потрошувачот.

5. Ставете нова гумичка на спојот на боцата и регулаторот на притисок.

Каква боца всушност ви е потребна?

За домаќинствата најчесто се користи онаа од 10 килограми. Ако сакате помала, односно пониска боца, тогаш добар избор е боцата од 7,5 килограми.

Во угостителските објекти и во надворешните фурни, ќе биде потребно да се постават боци од 35 килограми или повеќе споени боци, а тоа е најдобро да го направи овластен инсталатер на плин.

Основно правило – портокаловите плински боци секогаш мора да бидат во вертикална положба, над нивото на земјата, односно во висина или дури и повисоки од околниот терен, а местото на кое се наоѓаат мора редовно да се проветрува. Уште една работа која треба да ја имате на ум е дека во просторијата во која се наоѓа потрошувачот смее да има само една плинска боца и дека на секои 30 квадратни метри смее да има само една боца.

Слични објави

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо
Се вчитува....