20:50 - 1 ноември, 2026

Првата дама на САД го прослави 50-от роденден! (ФОТО)

Првата дама на САД, сопругата на претседателот Доналд Трамп, Меланија Трамп вчера го прослави 50-от роденден.

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Иако не се појавува често во јавноста и главно е во сенка на нејзиниот сопруг, Меланија секогаш го привлекува вниманието на медиумите, а позната е и по својот стајлинг.

Меланија и Доналд Трамп на денот на Планетата Земја / 22 април 2020, Вашингтон, САД / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Многумина ја сметаат за интригантна жена со животен тек кој наликува на филмска приказна. Меланија поминала повеќе од возбудлив половина век, а што е следно, се прашуваат многумина.

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Таа за својот роденден доби честитка и од својот сопруг, претседателот Доналд Трамп кој на Твитер напиша: „Среќен роденден, Меланија – нашата прекрасна прва дама!”

Честитки за 50. роденден на Меланија го преплавија и Твитер, а некои од нив се ретвитнати и по 6.000 пати, со често користење на скратеницата ФЛОТУС, што значи Прва Дама на Соединетите Американски Држави (First Lady of The Unites States).

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Како што се очекуваше, Меланија и Доналд овој ден го минаа дома, како и повеќето Американци – поради пандемијата на новиот коронавирус.

Меланија на здравствените работници и децата во болниците во 10 сојузни држави минатата недела им испрати подарок пакети – како што самата рече, „како мал знак на благодарност за нивната храброст и пожртвуваност во време на коронавирусот”.

Поранешната манекенка, по потекло од Словенија, во Америка замина во 1996 година, со цел да оствари кариера во модниот свет, а девет години подоцна, во 2005 година се омажи за Доналд Трамп. Парот една година подоцна го доби синот, Барон.

Фото: EPA/OLIVIER DOULIERY / SIPA POOL
Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Инаку, Меланија Трамп, како прва дама, ја промовира својата „Би-Бест“ (Биди најдобар) кампања против злоупотреба и вознемирување на интернет.

Слични објави

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.
Се вчитува....