22:04 - 9 ноември, 2026

Почина најнискиот човек на светот: Не се сметам себеси за мал (ФОТО)

Кагендра Тапа Магар од Непал, кој официјално е најнискиот човек на светот кој можел да се движи, починал од воспаление на белите дробови на 28 години.

Кагендра бил висок само 67,08 сантиметри, а од Гинисовата книга на рекорди соопштија дека малиот раст не го спречил да води живот каков што сака.

Крејг Глендеј, уредник на Гинисовата книга на рекорди, рекол дека по смртта на Кагендра бил „ужасно тажен“.

– Неговата насмевка беше толку заразна што тој ги топеше срцата на секого кој ќе го запознаеше – рекол Глендеј.

Најнискиот човек на светот кој може да оди ја доби оваа титула во 2010 година на својот 18 роденден.

– Не се сметам себеси за мал, јас сум голем човек. Се надевам дека титулата ќе ми овозможи да го докажам тоа и да му обезбедам убав дом на моето семејство – рекол тој на свеченоста на прогласувањето.

Гинисовата книга на рекорди има две категории за избор на најниски луѓе – подвижни и неподвижни.

Фото: Профимедиа

Филипинецот Џунреј Балавинг, кој не може да оди е висок 59,93 сантиметри.

Кагендра, по смртт му ја предаде титулата на сонародникот Чандри Бахадура Данги, висок само 54,6 сантиметри, но во 2015 повторно му ја презеде по смртта на Данги.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....