5.8 C
Скопје
06:38 - 1 април, 2026

Неодоливо вкусно: Полнето пилешко со спанаќ и фета сирење (РЕЦЕПТ)

Рецепт погоден за почетници кои сакаат едноставни, а неодоливо вкусни јадења…

Ви претставуваме рецепт за полнето пилешко месо, со спанак, лук и фета сирење.

Овој рецепт може да се подготви и во тавче или на скара, но ние ја одбравме најлесната верзија која оди во рерна, па затоа рецептот е одличен и за почетници.

Состојки:

– 2 парчиња пилешко филе

– 100 гр спанаќ

– 150 гр фета сирење

– чешне лук

– маслиново масло

– 100 гр презла

– 50 гр путер

-сол, бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Посолете и забиберете го пилешкото филе, потоа со остар нож пресечете го така што ќе му направите џеб во кој ќе го ставите филот.

Во тавче на маслиново масло загрејте го исецканиот бел лук и спанаќот, кратко колку само спанаќот да овене. Исцедете го од течноста која ја испуштил и помешајте го со издробеното фета сирење.

Наполнете го претходно направениот џеб во пилешкото филе и по потреба затворете со чечкалица со цел при печење да не се растекува. Внимателно извалкајте го во презла, наредете го во плех и прелијте го со растопен путер.

Печете 25 минути и послужете го топло со салата по избор.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....