4.8 C
Скопје
17:57 - 25 декември, 2024

Направете сами домашна крема од невен која ги лекува проширените вени и хемороидите (РЕЦЕПТ)

Покрај невенот потребна ви е уште една состојка и ќе добиете природен мелем со неверојатни лековити моќи.

Лековитата домашна крема од невен е ефикасно средство против проширени вени и хемороиди, како и кожни проблеми, непријатни состојби со кои се повеќе луѓе масовно се борат, главно безуспешно.

Меѓутоа, постои природен мелем, чија ефикасност ја потврдија сите што досега го употребувале.
За да направите домашна крема од невен, потребни ви се четири полни раце ситно исецкани цветови, листови и стебленца од невен и 500 грама квалитетна маст.

Подготовка: Загрејте ја маста на најсилна температура и додадете го исецканиот невен. Смесата добро измешајте ја и тргнете ја од огнот кога ќе зоврие. Поклопете го садот и оставете го да преноќи на собна температура.

Утредента благо загрејте и процедете. Добиената маст од невен чувајте ја во чисти садови со капак.

Примена: Добиената крема од невен можете да ја користите секојдневно, така што ќе ја втриеете на болните места, повеќе пати дневно. Најдобар ефект ќе постигнете доколку комбинирате крема од невен и див костен, така што болните места најпрвин ќе ги намачкате со невен, а по неколку минути кога кремата ќе се впие, со мелем од див костен. На овој начин ќе постигнете интензивно лекување.

Овој мелем е корисен и при воспалени вени, без оглед дали имаат или немаат рани, како и за секое оштетување на кожата, бидејќи невенот навистина лекува.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....