23.8 C
Скопје
13:55 - 30 април, 2024

Најпопуларната фризура за 2021 година која и одговара на секоја жена!

Instagram

Построгите мерки против пандемијата и се поретките посети на фризер ги диктираат новите трендови. Не е изненадување што фризурата за која велат дека ќе биде хит во 2021 година е многу лесна за одржување, а исто така одговара на секој облик на лице.

Лежерната боб – фризура ќе се носи и следната година, велат фризерите, но нешто поразлично од класичниот боб збогатен со шишки. Оваа фризура е посебна затоа што одговара на секој облик на лице и можете да ја модифицирате да биде поостра, неформална или класична

Instagram
Instagram

Покрај тоа што ќе можете да си поиграте со должината на боб – фризурата ќе можете и да си играте со формата и густината на шишките.

Најверојатно ќе носиме заштитни маски и во 2021 година, така што многу клиенти најчесто се одлучуваат за шишки кои се лесни за одржување, изјави за „WhoWhatWear“ стилистката Амбер Свифт.

Instagram
Instagram

Таа додаде дека шишките се попопуларни во зима, бидејќи полесно се одржуваат во постудените месеци, бидејќи високите температури можат да бидат проблем при нивното стилизирање.

Покрај тоа, Свифт препорачува малку порелаксирана верзија на шишките на една боб фризура, бидејќи, како што вели, честите посети на фризерскиот салон не се опција во овој период.

Instagram
Instagram

Стилистот Џорџ Нортвуд вели дека несовршената, лелеавата боб – фризура ќе биде уште поголем хит веќе од 2021 година

Поради сегашната состојба со коронавирусот и мислам дека клиентите сè повеќе бараат фризури кои се лесни за одржување. Многумина веќе бараа несовршен боб, што е мој заштитен знак. Мислам дека таквата фризура ќе биде популарна и во 2021 година, неуредна опуштена и многу шик, без многу напор.

Фризерката Никол Пемброк за „WhoWhatWear“ исто така изјави дека побарувачката за пократки фризури расте, со акцент на природната текстура на косата, како и опуштениот изглед кој е безвременски, елегантен и лесен за одржување.

Затоа популарниот остар и строг боб преминува во една опуштена, лелеава варијанта.

Слични објави

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо
Се вчитува....