Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон е препознатлива по својот минималистички стил на облекување и е една од ретките дами од кралското семејство што носи евтина облека. Кејт прекрасно го носи секој стајлинг и секогаш го надополнува со прекрасен накит. Веќе како постар член на кралското семејство, Кејт почна да добива привилегија да носи парчиња накит од кралската колекција.

Мидлтон носи дијадеми, обетки, прстени парчиња кралски накит кои припаѓале на кралицата и кои веројатно еден ден ќе ги носи нејзината ќерка или снаа.
На многу фотографии Кејт јавноста го забележа накитот што некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Познат е фактот и нејзиниот веренички прстен од сафир и дијамант е дел од кралската колекција, прстен што прицот Чарлс ѝ го дал на принцезата Дајана.

Вредноста на прстенот се проценува над 28.000 фунти кога бил изработен, а денес би чинел неверојатни 300.000 фунти.
Војвотката од Кембриџ носи и обетки со дијамант и сафир од принцезата Дајана.

„Овие обетки од сафир и дијамант, кои први ги носеше Дајана, ги обнови Кејт според нејзиниот личен вкус“, изјави Еди Левијан за магазинот „Express“.
Се веруваше дека сафирот е омилен скапоцен камен на принцезата Дајана, а очигледно Кејт ја задржува традицијата во модернизирана верзија. Најверојатно скапоцените камења ја воодушевуваат и војвотката Кејт, имајќи ја предвид кралската историја на носење елегантен, софистициран и разноврсен накит.