7.8 C
Скопје
07:07 - 27 април, 2024

Фото I Претседателски избори во САД: Бајден на чекор до триумф, Америка на чекор до хаос?

Демократскиот кандидат Џо Бајден, како што стојат работите во моментот, е на чекор од победа на најтензичните претседателски избори во историјата на САД. Иако сè уште ништо не е готово, Бајден кој, според најновите податоци освои една од трите клучни држави – Висконсин, а му се насмевнува и победа во Мичиген, би можел наскоро да слави.

Меѓутоа републиканскиот ривал Доналд Трамп и неговиот тим, на кои токму победи во Мичиген и во Висконсин би му осигурале уште еден мандат во Белата куќа, сигурно нема лесно да признае пораз. Тие веќе најавија дека ќе бараат ново пребројување на гласачките ливчиња во двете споменати држави.

Со оглед дека светот се изнагледа, изнаслуша и изначита за пресврти во најтензичната изборна ноќ, јасно е дека ништо не е извесно, освен дека на Америка, без разлика што ќе се случи, и се заканува хаос.

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Двајцата кандидати за претседател на САД уште од синоќа се менуваат на троновите во трите клучни држави – Пенсилванија, Мичиген и Висконсин. Иако светот заспа со Трамп во водство, сепак, се разбуди со доминација на Бајден во двете од трите одлулувачки држави.

Бајден, како што наведува и „Си-Ен-Ен“, го освои Висконсин и тоа со 20.000 гласови повеќе од Трамп. Во таа држава преостанаа да се избројат уште гласови од едно мало место, но не се очекува дека ќе влијаат врз конечниот резултат.

Истовремено, Бајден води и во Мичиген и доколку се остварат моментните проценки и кандидатот на демократите ги освои двете клучни држави, Пенсилванија практично нема да му биде потребна под услов да ја задржи Невада.

Според статистиката на „Њујорк Тајмс“, во Висконсин се пребројани 98 отсто од гласачките ливчиња и Бајден води со 49,4 наспроти 48,8 колку што има Трамп. Разликата е слична и во Мичиген каде се пребројани 94 отсто од гласовите, па Бајден води со 49,6 за разлика од Трамп кој има 48,7.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Доколку Бајден победи во тие две држави, ќе добие 26 електорски гласови, а со Аризона, каде демократите се наоѓаат на праг на победа во Невада за првпат по 70 години, победата ќе му биде загарантирана. Инаку во Невада се пребројани околу 86 отсто од гласовите, а процентот на пребројани ливчиња е најмал во Лас Вегас и во Рино што се смета дека оди во корист на Бајден.

Во ова сценарио, Трамп дури и да победи во Пенсилванија, каде води, но конечни резултати ќе нема до петок, Бајден ќе биде новиот претседател на САД.

Предворје на хаосот

Трамп, во секој случај, нема да замине без борба. Изборниот штаб на републиканскиот кандидат најави оти планира детална правна истрага во државите во кои разликата во гласови е момемтно мала, а тоа се Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Со други зборови, тие бараат повторно пребројување на гласовите во тие држави.

Во Висконсин останаа да се пребројуваат гласови од место во кое живеат само 300 лица што нема значително да влијае на резултатот.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

– Претседателот е на ивица да побара повторно пребројување на гласовите, рече менаџерот на кампањата на Трамп, Бил Стивен во изјава дадена накратко по објавата на официјално изборно лице дека Бајден победил.

Ситуацијата е тесна и во Мичиген. Според последните проекции на „Си-Ен-Ен“ и на „Њујорк Тајмс“, Бајден има блага предност од 49,6 додека Трамп има 48,7. Мичиген инаку носи 16 електорски гласови кои го ставаат во редот на држави кои го одлучуваат победникот на најнеизвесните избори во САД.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Третата клучна држава е Пенсилванија, меѓутоа, како што беше претходно соопштено, гласовите би требало да бидат пребројани до петок, 6 ноември. Засега, според проекциите на „Си-Ен-Ен“, Трамп таму има предност од 53,4 додека Бајден има 45 отсто.

Колку за потсетување, за победа на изборите се потребни најмалку 270 електорски гласови од вкупно 538.

The post Фото I Претседателски избори во САД: Бајден на чекор до триумф, Америка на чекор до хаос? appeared first on Слободен печат.


Фото I Претседателски избори во САД: Бајден на чекор до триумф, Америка на чекор до хаос? was first posted on ноември 4, 2020 at 9:27 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....