9.8 C
Скопје
22:43 - 19 октомври, 2026

Каде на одмор по пандемијата? Селскиот туризам им годи на сите, а на децата со астма пониска планина

Сите се прашуваат – каде на одмор кога можностите се ограничени, а здравјето нарушено.
Каде на одмор по исцрпувачката пандемија, каде со децата, дали смеам да се оддалечувам од дома и од лекарот, што да понесам, како да патувам – се некои од прашањата за кои деновиве еднакво размислуваат здравите луѓе и хронично болните. На море, барем засега, не можеме. Сепак, можеме да избереме дестинација во земјата, во согласност со нашата здравствена состојба и личните желби, посочуваат лекарите.

Некои луѓе сакаат да го поминат одморот во тишина, додека други би сакале да го почувствуваат набојот на адреналин и на тој начин да се ослободат од насобраната негативна енергија и стресот. Суштината е дека сите треба да уживаат во овој одмор.

Избор за сите

Најдобар избор е престојот во природа, особено ако станува збор за семејства со деца што имаат бронхијална астма или некоја друга респираторна болест. Планина со пониска надморска височина е идеална за нив. Децата се чувствуваат најдобро таму каде што и на нивните родители им е добро. Бидејќи не постои место без алергени, ви преостанува да ги почитувате условите во кои престојувате. Тоа подразбира чисти, проветрени простории во кои децата ќе спијат и ќе престојуваат, хигиенски и епидемиолошки исправна храна, контрола на нивниот престој на сонце и доволно часови сон.

Ако имате услови за престој во село, не заборавајте таму да се упатите со малите деца. Селскиот туризам им одговара на сите поради чистиот воздух, мноштвото кислород, незагадената атмосфера, домашната храна. Прошетката во природа, домашните чаеви, цветните полиња и зелената оаза со закрепнувачка тишина се вистинска антистресна терапија.

Колку одмор е доволно?

Ако не сте љубител на села или на планини, можете да изберете некоја од бањите. Нашите бањи се одлични поради лековитите својства на водата и третманите што ги применуваат, треба само да ја изберете соодветната. Лицата со респираторни проблеми, срцевите болни и слабокрвните луѓе треба да посетат некоја од бањите.

Меѓутоа, без оглед на изборот, би требало да водите сметка и за должината на одморот, што е, исто така, важно. Десет дена се премалку, две недели се доволни организмот да се прилагоди на новото опкружување, додека дури три недели се оптимални за целосен одмор и закрепнување, нагласуваат експертите.

Срцеви болни

Кога подолго време се во стабилна форма, и пациентите со кардиоваскуларни болести може да престојуваат на планина до илјада метри надморска височина. Ним им се препорачуваат лесни прошетки, почести одмори, но не и да се искачуваат или да освојуваат врвови. Поголемата надморска височина бара поздрави луѓе, затоа што воздухот е поразреден. Качувањето по рид бара повеќе кислород, а кога некој нема доволно кондиција, полесно ќе се измори. Кај пациентите со срцеви заболувања, овој вид активност е апсолутно исклучен. И каде и да се наоѓаат и без оглед на тоа колку добро се чувствуваат, срцевите болни ниту еден момент не смеат да заборават да го контролираат крвниот притисок и евентуално да се консултираат со лекар.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....