10:02 - 27 ноември, 2026

Инфектолог открива дали можеме да се заразиме со коронавирус при капење во море или во базен

Професор на универзитетот „Аристотел“ во Солун, д-р Павлос Николајдис, зборува за тоа колку ќе биде опасно капењето на плажите и во базените, како и за што најмногу треба да водиме сметка.

Иако трендот на падот на заболени од коронавирусот во Европа се забележува, нема сомнение дека и летото ќе биде во знак на овој вирус.

Затоа многумина се запрашаа како воопшто ќе изгледа летувањето оваа година и како високите температури ќе влијаат на развој на пандемијата. Професорот Николајдис во разговор за ГРТајмс, дал конкретни одговори на овие прашања.

Тој вели дека бањањето во базен кој содржи хлор е потполно безбедно. Никој досега не докажал дека постои потенцијален ризик од зараза со коронавирус, а истото важи за морската вода.

Најголем ризик претставува процедурата околу капењето на кое било место. Условите на коегзистирање со други луѓе всушност се најголемиот ризик. На пример, ако на 10 метри квадратни има 20 лежалки, разумно е дека тој тел од плажата ќе биде пренатрупан.

На прашањето дали постои шанса некој да добие вирус на плажа или на надворешната површина на базенот, професорот објаснува дека веројатноста е многу мала бидејќи главен пат на пренесување на вирусот е респираторен.

„Жешкиот песок или која било друга површина не се места на кои може да се пренесе вирусот. Она што е сигурно е дека ризикот го зголемува единствено гужвата на патот до плажите, на пример во јавниот превоз. Додека сме на плажа треба да водиме сметка да сме најмалку два метра оддалечени од другите. Освен тоа, во смисла на контакт и употреба на непознати предмети додека сме на отворено, превенција од инфекција се врши со употреба на сапун и средства за дезинфекција како и досега, вели докторот и додава дека и понатаму сè се сведува на индивидуалната хигиена, како и одредените мерки што ќе треба да се почитуваат летово.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....