Џулија Робертс (52) ќе биде посебна гостинка кај Мишел Обама (55) на нејзиниот пат низ Виетнам и Малезија, пишува people.com.
Поранешната прва дама на САД тргнува на пократка азијска турнеја со цел охрабрување на жени и млади девојки, а познатата актерка и продуцентка ќе и се придружи на почетокот на декември на една од средбите со виетнамската Организација за едукација на девојчиња.
Оскаровката ќе биде и на собирањето од иницијативата Girls Opportunity Alliance во Куала Лумпур на кое „ ќе открие некои случувања од својот живот и кариера“.
Обама Фондацијата откри име и на уште една посебна гостинка. Станува збор за американската тв-личност Џени Буш Хагер (38).
„Ова е одлична прилика за помош на сите оние кои помагаат девојките да се задржат во училиште. Знаеме дека доколку девојката остане на училиште, постои поголема можност за сопствен раст и развој, а еднакво така и локалната заедница“, изјавиле.