01:22 - 2 август, 2026

Британките полудеа по ТРЕТМАНОТ од 600 евра за кој велат дека им го СПАСИЛ ЖИВОТОТ

Колку и да сте „истренирани“ да носите високи потпетици, доколку во нив сте повеќе од неколку часа неизбежно ќе ве заболат стапалата.

Дали сте се запрашале како на познатите личности не им е тешко цела ноќ да ја поминат во чевли на висока потпетица и во секој момент да изгледаат свежо и одморено?

Жените и девојките на британските фудбалери, популарно наречени „вагсици“ (WAG – Wifes And Girlfriends) одат на третман кој чини околу 600 евра.

Имено, тие во перничињата на стапалата вбризгуваат филери кои ја умртвуваат кожата и месото на стапалата, поради што потоа тие можат да издржат цела ноќ на штикли. Сопругата на фудбалерот Вес Браун, Лиен се колне во овој третман кој го нарече феноменален истакнивајќи дека и го спасил животот.

Третманот се базира на вбризгување на дермални филери во стапалата, пружајќи им ефект на „перниче“ кое има за задача да го отстрани притисокот од стапалото на кое газиме, кое всушност е најзагрозениот дел кога носиме високи потпетици. Стапалото изгледа непроменето, не се гледа дека е „напумпано“, а на жените им овозможува без болка да танцуваат во високи потпетици цела ноќ.

Што велат експертите?

Експертите пак, не го препорачуваат овој третман. Докторката Сара Џејвис изјави:

– На секоја жена би и препорачала прво добро да размисли пред да се одлучи за овие инекции. Доколку филерот не се вбризга рамномерно, може да предизвика болни точки на притисок, а со самото тоа и да ја влоши состојбата. А бидејќи во стапалата постојат доста нервни завршетоци и нежни мускули, лошо вбризганите филери можат да предизвикаат трајна штета.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Елеганција, природа и незаборавни моменти – Villa Diva е совршен амбиент за незаборавна моминска вечер

Еспресо

(Фото) Паметна инвестиција: Зошто мебелот од Wood Room е вистински избор?

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....