14:06 - 8 ноември, 2026

Бизарните тајни на кралските семејства: Од принцеза топлес модел до принц кој бил дилер на дрога како „божји план“

Јавноста отсекогаш многу се интересирала за непримерните ситуации во кралските семејства зашто тоа од нив не се очекува, а сепак, се случува. Иако се мисли дека голите раменици на Меган Маркл се најлошо нешто што можеше да се случи пред две годинава, следуваше напуштањето на кралското семејство и таблоидно развлекување што беше уште поголем скандал за кралското семејство.

Јавноста беше шокирана од веста за норвешката принцеза Марта Луис која тврдеше дека има способност да комуницира со коњи. Нејзе, наводно, коњите ја научиле како да воспостави комуникација дури и со ангелите. Инспирирана од тоа напишала дури две книги. Планира да отвори школа во која луѓето би ги подучувала на овие вештини.  Еден пастор затоа ја нарече „гласник од пеколот“.

Instagram

Пред да се омажи за шведскиот принц Карл Филип, принцезата Софија имала многу возбудлив живот. За тоа сведочат и тетоважите невообичаени за едно кралско семејство, а Софија шокираше и со својата поранешна работа. Таа била топлес модел во машко списание, разменила нежност и со порно ѕвездата Џена Џејмсон во Лас Вегас. После свадбата со принцот стана измазнета принцеза без скандали.

facebook
Животната приказна на принцезата Софија потсетува на филмско сценарио, фото профимедиа

Данскиот принц Хенрик се венчал со Маргарета Втора во 1967 година, кога била прва во редот за круна. После пет години станала кралица, а Хенрик никогаш не го сокривал разочарувањето што целиот живот останал принц.  Очекувал сопругата да му даде титула на крал, што и не е вообичаен потез. Бидејќи тоа не го направила, рекол дека не сака да биде погребан покрај неа. Набрзо потоа починал.

Данскиот принц сакал сопругата да му ја предаде круната, фото – профимедиа

Принцот Најеф бин Султан бин Фаваз ал-Шаалан од Саудиска Арабија се посветил на дилерство на дрога, а кога го уапсиле, објаснил дека светот е секако осуден на пропаст, па нему бог му дал дозвола да продава дрога. Завршил универзитет на Мајами, зборува осум јазици и инвестирал цело богатство во нафтена индустрија.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....