12:47 - 8 ноември, 2026

1.000 пепелашки: На Хвар наместо туристи осамнаа 1.000 изгубени чевли (ФОТО+ВИДЕО)

Првиот ден од јуни 2020 година, Стари Град на Хвар беше речиси пуст. Празни се терасите на кафулињата, на рестораните и на плажите, многу угостителски објекти воопшто не работат, а и другите туристички атракции се затворени.

Жителите на тој град вчераутро, пак, ги пречека необична глетка наместо туристи.

На плоштадот „Петар Хекторовиќ“ е поставена инсталација 1.000 Пепелашки.

Инсталацијата се состои од 1.000 чевли што морето ги исфрлило на плажите на островот Хвар. Фасциниран од количината и разновидноста на обувките што можат да се најдат на плажите на јужната страна на островот, чевлите ги собрал Марк Болард. Претежно во зимските месеци од 2018 до 2020 година, тој собрал уникатна колекција на апостолки, сандали, бапски влечки, вртоглави потпетици, патики, кожени чизми и други обувки.

facebook

Чевлите во сите стилови, бои и фази на распаѓање, пловеле низ Медитеранот и завршиле на Хвар.

Оваа инсталација е креирана за да се подигне свеста за проблемот со отпадот во морето и да се поттикнат луѓето да ја намалат количината на отпад што ја произведуваат секој ден.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....