14.8 C
Скопје
19:56 - 26 април, 2024

Се снима серија за Јованка Броз: 12 епизоди за првата дама на Југославија

Животот на Јованка Броз, сопругата на Јосип Броз Тито, ќе биде тема на серијата „Јованка“, чие снимање започнува во септември. Серијата ќе се снима во Србија, Русија, Хрватска и Египет, а ќе има вкупно 12 епизоди.

Серијата ја подготвува продуцентската куќа „Адреналин“, а сценариото го напишала Милана Влаовиќ Ковачек, пренесува хрватскиот „Вечерњи лист“.

Изборот на актери ќе започне во септември.

Profimedia

Извршната продуцентка на серијата, Теа Королија, рекла дека серијата „Јованка“ ќе ја следи приказната за главната хероина од човечки аспект. Королија рекла дека Влаовиќ Ковачек со помош на неколку лица ја напишала првата верзија на сценариото. На изработката на конечната верзија, како што додала, ќе биде ангажиран англиски писател специјализиран за историски драми за познатите личности.

Серијата ќе биде работена во копродукција од повеќе земји, поради што би требало да се снима во Хрватска и Србија, но и во Русија и Египет. Кој ќе ги глуми Јованка и Тито, ќе се знае по пробните снимања, а актери ќе бараат во Словенија, Хрватска и во Србија.

Снимањето на серијата ќе започне во 2021 година, а предвидени се две сезони од по шест епизоди.

Profimedia

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....