12.8 C
Скопје
03:37 - 8 мај, 2024

Поради неможноста да најдат работа, зголемен интересот кај граѓаните за неформално образование (ВИДЕО)

По завршувањето на првиот уписен рок, резултатите покажуваат дека и оваа година, идните средношколци најголем интерес покажуваат за гимназиско образование. Сепак, сите кои не успеваат да ја реализираат својата кариера, се одлучуваат за неформално образование.

Љубица Трифунова Ѓорѓиева, менаџер и едукатор во Центар за едукации, Акт, во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборува за интересот на граѓаните за неформално образование.

– Последниве години забележуваме се поголем интерес за нашите обуки. Тоа најмногу се должи на неможноста граѓаните да најдат работа по завршување на формалното образование, вели Трифунова-Ѓорѓиева.

Таа додава дека сертификатите се признати од МОН.

-Работиме со два типа дипломи. Сертификат кој го даваме како потврда за завршена обука, кој потоа се верификуваат во Министерство за образование и наука. Тоа значи призната државна диплома која се стекнува на тој начим што по завршување на обуката, се формира стручна комисија од центарот за образование на возрасни, пред која што се полага и теоретски и практичен дел. По сумирање на бодовите се добива диплома која што е призната насекаде, вели Трифунова-Ѓорѓиева.

За овие обуки се интересираат и возрасни лица, над 40 години, а најрано обука можат да посетуваат од 16 години.

– Овие обуки се краткотрајни и завршуваат за три месеци. Со цел учениците да го добијат потребното знаење и вештини, ние ги праќаме на пракса, кај наши соработници, вели Трифунова-Ѓорѓиева.

 

The post Поради неможноста да најдат работа, зголемен интересот кај граѓаните за неформално образование (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Поради неможноста да најдат работа, зголемен интересот кај граѓаните за неформално образование (ВИДЕО) was first posted on јуни 22, 2020 at 11:14 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....