18:34 - 27 ноември, 2026

Робин Вудман на 29 години останата вдовица: По смртта на сопругот болката се претвора во бес

Робин Вудман, 6 недели по смртта на сопругот, ја дознава шокантната вест од нивен заенички пријател.

Сопругот на младата вдовица загинал во несреќа при нуркање. Но, зошто Робин не е како и останатите вдовици, зошто таа не тагува поради загубата, туку е бесна и се чувствува предадено? Прочитајте ја приказната до крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robyn Woodman (@robynwoodman)


Иако, две години претходно, кога тој ја побарал за жена, почувствувала дека нешто не е како што треба да биде, сепак таа рекла „да“. Веднаш по венчавката, започнале проблемите и несогласувањата меѓу нив, но некако успевале да ги решат со помош на брачни советувалишта и терапии.

Кога Робин конечно имала чувство дека сите проблеми се минато, се случила несреќата во која нејзиниот сопруг загинал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robyn Woodman (@robynwoodman)


– Сите вдовици минуваат низ слична болка, но јас во тој клуб бев само пет недели. Ударот кој што го добив по смртта на Макс, ме смести во друг, уште поексклузивен клуб, изјавила Робин.

Кога бракот ќе заврши, без разлика дали поради развод или смрт, вообичаено е некои тајни да бидат откриени, а она кое Робин го дознала за својот покоен сопруг, посакала засекогаш да остане сокриено: нејзиниот сопруг имал голем борј на афери од денот кога се запознале!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robyn Woodman (@robynwoodman)


– Додека се забавувавме имаше и други девојки. Тоа продолжило и по нашата веридба, во текот на бракот. Цело време го одржувал својот богат љубовен живот. рекла таа.

Веста за неверството на сопругот ја дознала шест недели по неговата смрт од нивниот заеднички пријател, а потоа и сама се уверила во тоа кога ги прегледала неговиот компјутер и телефон. Тагата се заменила со бес, а како што вели, долго време не можела да им верува на мажите.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....