0.8 C
Скопје
23:24 - 18 декември, 2024

3 РАБОТИ ШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ ЗА НОВА ГОДИНА: Ќе ви помогнат да бидете посреќни во 2022 година!

Пробајте некои од овие предлози кои можат да ви помогнат да бидете посреќни во 2022 година, да имате повеќе пари …

Во светот постојат различни практики, навики кои луѓето ги почитуваат, со надеж дека тоа ќе им донесе среќа, здравје и пари во наредната година. Некои го сметаат за суеверно, но на многумина не им пречи да го пробаат, со објаснување дека сигурно не може да им наштети.

Доколку спаѓате во оваа група, испробајте некои од следните предлози, кои би можеле да ви помогнат следната година да ви биде  подобра!

Немојте да плачeте

Нема плачење на 1 јануари! Се верува дека солзите на првиот ден од новата година не се добри бидејќи можат да го одредат „тонот“ за следните 12 месеци и на тој начин да привлечат повеќе солзи!

Станете рано

Раното станување на 1 јануари дефинитивно е последното нешто што го сакате на светот, но Полјаците веруваат дека тоа значи дека лесно ќе станувате од кревет цела година, без одложување на алармот и слично.

Бакнете некого

Веројатно веќе го знаете ова – се верува дека ако бакнете некој што го сакате на полноќ на 31 декември, вашата љубов ќе продолжи и следната година. Доколку не сте зафатени, т.е. немате партнер, бакнете некој што го сакате затоа што е важно околу себе да имаме луѓе што ги сакаме, без разлика дали се пријатели, мајка, татко, брат, сестра…

Носете празен куфер

Доколку сакате да патувате повеќе следната година, еве една идеја! Луѓето во Колумбија на новогодишната ноќ „шетаат“ по празен куфер, верувајќи дека тоа ќе им помогне повеќе да патуваат во следните 12 месеци.

Не чистете ја куќата

Ви треба изговор да не држите партал во рака барем тој ден? Кинезите сметаат дека не е добро да се чисти куќата на Нова година бидејќи со тоа ја  „чистите“ и добрата среќа. Според нивното верување, не се препорачува перење алишта тој ден.

Не позајмувајте пари

Луѓето веруваат дека позајмувањето пари на Нова Година може да значи дека така ќе биде цела година. Па, ако не сакате некој да ви бара пари цела година, почекајте барем до 2 јануари со позајмиците.

Чувајте го вашиот паричник полн

Од друга страна, доколку сакате да имате пари оваа година, погрижете се вашиот паричник да биде полн на полноќ на 31 декември.

Бидете гласни

Кога ќе дојде полноќ на 31 декември, бидете гласни! Се верува дека на овој начин можете да ја избркате негативната енергија и злите духови. Но, бидете внимателни, можеби тоа нема да им се допадне особено на вашите соседи …

Отворете ја вратата

На Филипините луѓето накратко ги отвораат вратите и прозорците на полноќ, за да може да излезе негативната енергија и среќата и позитивната енергија да го најдат патот до нивниот дом.

Носете црвена долна облека

Веројатно веќе сте слушнале за ова – ако сакате 2022 година да биде „пожешка“, носете црвена долна облека. Се верува дека тоа ќе внесе страст во врската.

Дали имате ваш мал ритуал за кој мислите дека ви носи среќа?

 

 

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....