17.8 C
Скопје
01:58 - 17 август, 2026

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Јелена Карлеуша неодамна престојувала во Истанбул, каде што отишла да се сретне со еден од најпознатите експерти во областа на естетската медицина.

Сепак, турските медиуми објавија дека српската поп-ѕвезда престојува таму поради милијардерот Садетин Саран, претседателот на фудбалскиот клуб Фенербахче, кој целосно „полудел“ по неа.

Самата Јелена долеа масло на огнот бидејќи во интервјуто со познат турски новинар го пофалила изгледот на Саран, кој порано беше во врска со пејачката Емина Јаховиќ, велејќи дека тој „воопшто не е лош“.

Сепак, иако Карлеуша постојано се шегувала и не мислела ништо сериозно, Садетин во сето тоа поверувал и целосно „полудел“ по ЈК, со која е маѓепсан долго време, пишува српски „Курир“.

– На Садетин со години му се допаѓа Јелена. Ја следеше и редовно ги лајкуваше сите нејзини објави додека таа сè уште имаше Инстаграм. Таа и тоа како е позната во Турција, каде што сите сè уште ја знаат како „jenge”“ (снајка, забелешка на авторот), со оглед на тоа што нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ играше за фудбалскиот клуб Бешикташ.

Откако Садетин го прочита нејзиното интервју, кое одекнало во Турција, и сфати дека таа дури и го знае, милијардерот се обидува со сите сили да ја освои. Сакаше да ја однесе на вечера, но во меѓувреме Јелена се врати во Белград – рекол изворот за „Курир“, а потоа продолжил:

– Сепак, ѓаволот ја одзел шегата и оттогаш Садетин буквално не ја остава Карлеуша на мира. Секој ден испраќа цвеќе и скапи подароци на нејзината домашна адреса. Во една од пораките, тој ѝ naпиша дека сака што пoбрзо повторно да ја види во Истанбул и само да каже кога сака да дојде. Тој ѝ го ставил на располагање и својот приватен авион. На Јелена на почетокот ѝ се допадна сето ова, но се знае дека сака помлади мажи и дека, колку и да е моќен, едноставно не е нејзин тип – рекол изворот, меѓу другото.

 

 

 

Слични објави

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

Еспресо

Миа Беговиќ со емотивна објава се присети на сестра ѝ Ена на годишнината од смртта: Ужасот од сознанието дека одекот на една душа засекогаш е тука, но не можеш да ја прегрнеш

Т.Ц.

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.
Се вчитува....