11:37 - 7 ноември, 2026

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Откако му беа откажани настапите во балтичките земји поради изведба на руска песна, виолончелистот Стјепан Хаусер се обиде да ја смири ситуацијата со нова објава на социјалните мрежи, каде сподели изведба на литванската песна „Трис милијонај“.

Во видеото, Хаусер свири бос, во свој препознатлив стил, додека во позадина се прикажани симболи на Литванија – земјата во која му беше откажан концертот токму поради претходна објава поврзана со Русија.

Под видеото следуваа бројни реакции, меѓу кои и коментари од литвански корисници кои му се заблагодарија за гестот.

„Многумина не ве познаваат; некои се дистанцираа од вашата страница следејќи бескорисна и штетна политичка идеологија, што е спротивна на вашиот музички проект. Вие промовирате обединување на светот преку музиката“, стои во еден од коментарите.

„Ви благодарам. Драго ми е што не сте лути на нашата земја поради откажаниот концерт“, напишаа други, додека дел од публиката беше покритична, оценувајќи дека „предоцна е за извинување“.

Контроверзите околу Хаусер започнаа откако неговиот концерт во Вилнус беше откажан по објавата на видео на кое ја изведува руската песна „Калинка“, со визуелна позадина од Москва и симболи поврзани со Русија.

Одлуката ја потврди концертната агенција, која соопшти дека се откажани сите негови настапи во балтичките држави, без дополнителни коментари.

Објавата предизвика остри реакции кај дел од јавноста, особено кај украинските следбеници на музичарот. Спорниот настап беше дел од неговиот проект „Music Unites the World“, во рамки на кој изведува познати композиции од различни земји.

Иако Хаусер во меѓувреме објави и изведба на украинска песна, како и најави дека ќе изведе литванска композиција, негативните реакции не стивнаа, а дел од публиката остана на ставот дека ваквите потези не се доволни за надминување на контроверзијата.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....